Утринските активности за многу од нас предизвикуваат непријатности токму поради изгледот на кожата од лицето.

Ако не сме доволно наспани, одморени, ако сме болни, или едноставно ако сме се разбудиле многу рано, сето тоа се познава на нашето лице веднаш штом ќе се разбудиме.

Со цел да избегнете уморно лице и подочњаци наутро, ви предлагаме третман на лицето на органска база кој ќе ви го освежи лицето и ќе ви овозможи чиста кожа наутро.

  • Глицерински сапун 

Наместо влажни марамици, тоник за чистење на лице, маски за лице и сл. користете глицерински, медицински сапун за темеплно чистење.

Не заспивајте со шминка која може да ви ја исуши кожата на лицето и дополнително да даде изглед на уморна кожа.

Пред заспивање измијте го лицето темелно со глицерински сапун и нежно избришете со чист пешкир.

  • Краставица 

Исецкајте една краставица на кругови. Два круга ставете околу очите за да ја освежите ареата околу подочњаците, а со преостанатите нанесувајте на лицето.

Водата од краставицата го потхранува лицето и ја затегнува кожата.

  • Кокосово масло

Наместо тешка козметика, дневни или вечерни креми, пред заспивање, аплицирајте малку кокосово масло на лицето.

Кокосовото масло освен што ја потхранува кожата, ја штити од инфекции и оштетувања.

Мрснината од маслото спречува нечистотии да влезат во порите од лицето.