Температурите се под нулата. Минималните дневни температури во одредени периоди од деноноќјето достигнуваат до граница која е итолерабилна за бездомните животни. 

Иако, грижата за бездомните животни секогаш ја препуштаме на Здруженијата за заштита на животните или локалните власти, сепак постојат начини, кои секој од нас може да ги примени и да спаси живот на некое бездомно животинче.

Мартин Ангов од Fluffy Paws Пет Шоп – Ново Лисиче дава јасни инструкции како да ги заштитиме бездомните животни од премрзнување и апелира секој од нас да направи мал чекор со кој ќе придонесе за спасување на еден живот.

-Да се отворат гаражните врати, да се остави малку храна или вода за бездомните кучиња и секако да се вдоми бездомно животно, се препораките на Ангов за „Мој збор“, кој ги повикува сите совесни поединци во Македонија да ги спроведат.

  • Бездомни кучиња – проблем кој нема решение или проблем кој нема третман?

Во моментот бројот на бездомни кучиња е голем. Еден од ретките стационари за кучиња кој е активен е стационарот на Здружението „Лајка“, но поради нивната „осаменост“ во згрижување на животни на ниво на Македонија, не успеваат да одговорат на сите барања и да ги здружат сите бездомни кучиња.

Незгрижените кучиња создаваат проблем и на локалните власти кои со години се обидуваат да најдат решение на овој проблем.

Во изминатите неколку години постојат близу 2000 пријави од граѓани до град Скопје за напад од бездомно куче. Висината на отштетата што град Скопје ја плаќа за секое каснување од бездомно куче се движи од 60.000 до 180.000 денари.