Новите времиња создаваат и налагаат брз начин на живот. Сите сакаме да го искористиме денот максимум и да ги направиме сите работи што сме ги испланирале.

Денес продуктивноста е главна тема насекаде и често забораваме да спомнеме дека премногу продуктивност може да има контра ефект и може да придонесе сосем спротивен резултат – умор, трошење, ослабната енергија, извршување на своите обврски со помал квалитет, намален ентузијам и слично. Мозокот е моќна алатка но на оваа алатка понекогаш треба да и дадеме слободен ден, малку едергија, време кога едноставно нема да прави прави ништо.

Слободното време е важно бидејќи на тој начин човекот не е фокусиран на проблеми и предизвици а кога не мислиш константно на проблемот решението само доаѓа. Слободното време ја зголемува нашата креативност. Ни дава можност да се опуштиме и да не мислиме на грижите исто така и го подобрува нашето ментално здравје. Кога постојано работиме секој миг, станува тешко да размислуваме, станува тешко да го цениме животот и моментите во него. Затоа слободното време ни дава можност да бидеме присутни, да се освестиме, да размислуваме за работите кои ни се случувааат и да донесеме подобри одлуки.

Грижете се своето ментално здравје бидејќи и тоа е значаен дел од нас. Не дозволувајте да се преморите од работа и обврски, не дозволувајте да ви помине денот без малку време за себе, без малку време во кое ќе седнете и нема да правите ништо туку само ќе седите, ќе дишете, ќе размислувате и ќе бидете присутни во моментот. Внесете барем 20 минути слободно време во своите распореди и гледајте дека тоа што мислите дека е изгубено време ќе се претвори во време кое, напротив, ќе ви донесе поголеми придобивки.