Лицето е најзабележителниот дел од нашето тело, постојано е изложено на погледи, па уморниот и невнимателен изглед не е најдобрата опција кога се во прашање деловните можности.

Треба да внимавате на шминката, бидејќи таа игра голема улога во целокупниот изглед и мислење што другите го создаваат за вас.

  • Свежа и долготрајна шминка

Кога зборуваме за шминка за во канцеларија, важно е да е квалитетна бидејќи вашето лице мора да изгледа свежо цел ден.

Ако сакате да го изедначите вашиот тен, започнете со добра подлога која создава впечаток на мазно, негувано и одморено лице.

Нанесете тенок слој подлога на исчистено и подготвено лице за да постигнете најдобар можен изглед. Нанесете коректор на пределот под очите, флеките и, можеби, мозолчињата. Важно е да не се гледаат траги.

  • Мали корекции

За да не се „избрише“ шминката, нанесете тенок слој пудра преку основата за да го отстраните вишокот маснотии од лицето и да го постигнете посакуваниот изглед.

  • Додадете малку боја

Лицето секогаш можете да го освежите со руменило. Изберете природни бои, праска нијанса или нежно розова.

Доколку имате потемен тен, руменилото може да биде теракота или кафено.

Избегнувајте црвени и светло розови бои бидејќи ваквите руменила создаваат вештачки изглед во работната средина.

  • Природен изглед на усните

Што се однесува до усните, најдобро е да користите сјај за усни, во нежно розова или праска боја, за време на работното време.

Целта е да се постигне природен, свеж и ненаметлив изглед.