И не само што премногу детергент го намалува домашниот буџет туку и ја оштетува и облеката, бидејќи ако ставите повеќе од потребното, ќе останат бели дамки, а вишокот детергент ќе ги затне одводите, па машината ќе троши повеќе струја за перење.

Пред се, важно е да се нагласи дека вишокот на детергент не значи и почисти алишта, иако повеќето мислат така, па луѓето претерано тураат прашок, а всушност само ја оштетуваат облеката и машината. Три елементи се клучни за добро перење: температурата на водата, центрифугата и работата на детергентот и омекнувачот. Само кога овие три елементи ќе се оптимизираат, алиштата ќе бидат чисти – вели Мари Галарди, специјалист за перење и тестер во една компанија.

Како што советува таа, важно е да се избере највисоката можна температура, бидејќи повисока температура значи и почисто перење.

Изберете програма со подолго и дополнително плакнење. Што се однесува до детергентот, важно е да е квалитетен. Можно е упатството да вели дека користите повеќе детергент отколку што е потребно. Ова ќе го знаете ако водата многу се пени за време на циклусот на перење.

Ако тоа се случи, прво обидете се да ја пронајдете најниската препорачана количина детергент на пакувањето. Ако не е наведено, едноставно намалете ја количината додека не ја најдете идеалната мерка – вели таа и додава дека е најпаметно да се измери прашокот, а не директно да се истура во машината, бидејќи само така секогаш ќе знаете со сигурност како многу си истурил.