Искористете го времето кое го поминувате на плажа да се ослободите од вишокот килограми.

Сонцето, морската вода и отсуството на обврски може да ви помогнат да воведете здрави навики во тој временски период кои значително ќе се одразат и на вашиот изглед.

Еве како да ги искористите деновите поминати на плажа:

  • Сонце 

Не бегајте од сонцето, напротив искористете го најголемиот природен извор на витамин Д.

Витаминот Д помага во топење на масните наслаги и создавање на колаген.

Освен што ќе слабеете од сонцето, ќе добиете и убав пигмент, сјај и изглед на кожата.

Вимание: Силното сонце може да ја изгори вашата кожа, внимавајте, колку долго ќе се изложите на сончевите зраци и во кој период од денот.
Најдобро е да не се заштитувате од сонце пред пладнето и по 17.00 часот попладне.
Во интервалот измеѓу користете крема со заштитен фактор или поминувајте повеќе време под чадор за сонце.
  • Вода 

Пливањето ќе ги активира сите мускули на вашето тело и додека се забавувате во вода ќе ја достигнете потребната физичка активност на дневна база.

Избегнувајте да користите гума за пливање или душек за сончање во вода бидејќи на тој начин телото не се ангажира доволно.

Може да користите топка за во вода и да се забавувате во групни игри.

  • Морска храна

Каде е морето, таму е и морската храна. Сигурно не ви паѓа на памет да јадете тешка храна додека сте на плажа, па затоа порција морски плодови е идеален избор.

Богата е со омега 3 масни киселини и со витамин Д.

Освен тоа е ниско калорична и во себе не содржи шеќери, туку здрави масти и јагле-хидрати.

  • Спиење 

Додека сте на одмор, немате работни обврски, па времето може да го искористите за надокнадување на потребниот сон.

Ако обично спиете по 6 часа дневно, изберете да останете во кревет 8-9 часа додека сте на одмор.

Квалитетниот сон е нужен за доброто здравје и за средување на метаболизмот, кој, пак е клучен за одржување на витка линија.