Од утре учениците ќе одат на училиште, штрајкот е ставен во мирување.

По седницата на Советот на СОНК , претседателот Јаким Неделков рече дека штрајкот во образованието е ставен во мирување.

Во тек ќе бидат мировните преговори помеѓу СОНК и Владата.

Доколку во наредните 10 или 20 дена не се најдат решенија за проблемите и не се задоволат интересите на двете страни, штајкот ќе продолжи или ќе се донесе одлука за негово завршување, истакна на денешната прес-конференција Јаким Неделковски од СОНК.