Џиновскиот „потенцијално опасен“ астероид, кој би можел да биде двојно поголем од Емпајер Стејт Билдинг, би требало да прелета покрај Земјата во четврток (28 април), известува НАСА.

Астероидот 418135 (2008 AG33), според научниците, има дијаметар помеѓу 350 и 780 m и ќе се движи низ орбитата на Земјата со брзина од 37.400 km/h. За наша среќа и на другите живи суштества, се очекува астероидот да помине покрај нашата планета без никаков ризик од удар.

Астероидот – кој патува со брзина 30 пати поголема од звукот – ќе достигне растојание од околу 3,2 милиони километри од Земјата. Што е околу осум пати од просечното растојание помеѓу Земјата и Месечината. Ова можеби звучи како голема далечина, но според космичките стандарди, всушност значи дека ќе ни биде „на дофат на раката“.

НАСА го снима секој вселенски објект на оддалеченост од 193 милиони километри од Земјата како „објект многу блиску до Земјата“. И секој објект што се движи брзо во круг од 7,5 милиони километри е „потенцијално опасен“.

Откако ќе ги забележат, астрономите потоа внимателно ги следат, барајќи какво било отстапување од нивната предвидена траекторија што може да ги доведе до судир со Земјата.

Вселенската карпа што доаѓа првпат беше откриена од истражувачи на астероиди во опсерваторијата во Аризона на 12 јануари 2008 година. Последен пат прелета покрај Земјата на 1 март 2015 година, според Центарот за проучување на објекти блиску до Земјата (CNEOS) на НАСА.

Овој астероид орбитира околу нашата планета приближно на секои седум години, а се предвидува дека следната блиска средба ќе биде на 25 мај 2029 година.

Астероидот чиј лет се очекува да лета во четврток, можеби нема да биде ни најголемата вселенска карпа што ќе набрзи покрај нас во наредните недели.

Најверојатно ќе биде астероидот 467460 (2006 JF42), чиј дијаметар се проценува помеѓу 380 и 860 метри, а кога ќе тргне покрај нас на 9 мај, во 2022 година, ќе се движи со брзина од околу 40.700 км/ч.

Ако некогаш астрономите забележат астероид кој лета директно кон Земјата, вселенските агенции ќе бидат подготвени.