Кога ќе се разбудат, не седнуваат веднаш пред компјутер за проверат мејл, туку си посветуваат време само на себе.

Како изгледа нивното утро?

  • Стануваат рано

Кој рано рани, две среќи граби. Се будат во 5:30, а некои дури и порано за да го почнат денот.

  • Трошат калории

Се трудат да ги потрошат калориите кои ги внеле, но тоа не мора задолжително да биде низ интензивни вежби. Доволно е и практикување јога, која помага во борбата против стресот.

  • Работат на мотивација

Секојдневно работат на одржување на мотивацијата, читајќи добри вести од бизнис светот или се присетуваат на поговорки и изреки кои инспирираат труд и работа.

  • Благодарни се за тоа што го имаат

Среќа, меѓу останатото, значи и да го сакате тоа што веќе го имате. Запишувајте секој ден барем по една работа за која сте благодарни дека ја имате.

  • Поставете си важно прашање

Ако е денес последниот ден од вашиот живот, дали и понатаму би сакале да го правите тоа што мора да го направите денес?