Избравме 5 зачини кои ќе ви помогнат да ослабете, а можете да ги консумирате со додавање во храната или со комбинирање со топла вода наутро.
  • Куркума

Според една студија спроведена во 2009 година, куркумата помага во согорувањето на мастите. Истражувањето било спроведено на глувци, а било утврдено дека на оние на кои им била дадена куркума изгубиле повеќе килограми.

  • Цимет

Тие велат дека циметот може да помогне во регулирањето на апетитот, како и да го контролира нивото на шеќер во крвта, што исто така ви помага да останете сити подолго време. Додадете го во овесна каша или јогурт.

  • Ким

Додавањето на една лажица ким во вашата исхрана согорува три пати повеќе калории секој ден, покажа една неодамнешна студија.

  • Шафран

Шафранот со векови се користи како лек против разни болести: болести на бубрезите, проблеми со аритмија, проблеми со апетитот и дигестивни проблеми, кои придонесуваат за процесот на слабеење.

  • Рузмарин

Овој зачин помага во зголемување на стапката на метаболизмот, добро влијае на варењето и слабеењето. Најдобро е листовите рузмарин да ги натопите во врела вода и да се остави да отстои неколку минути, а потоа да пиете изладен чај во текот на денот, но не на празен стомак.