Министерот за образование и наука Јетон Шаќири верува дека учебниците кои недостасуваат ќе бидат готови во текот на првото полугодие.

– Верувам дека во првото полугодие ќе имаме учебници. Со почетокот на новата Концепција за основно образование се изготвени и нови програми коишто се однесуваат на прво, второ, четврто и петто одделение. После основањето на националниот совет за учебници основан во јануари-февруари направен е јавен повик за пријавување на автори – рече Шаќири, одговарајќи на пратеничко прашање на денешната пленарна седница.

Тој информира дека сите книги што се прифатени се упатуваат во Бирото за образование и потенцира дека потоа се чека мислење од рецензентите, од последната комуникација што ја имал со Националниот совет.