Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија претстојната сабота (1 октомври), на локацијата кај фонтаната Лотосов цвет во Градскиот парк во Скопје, од 9 до 13 часот организира акција за бесплатни превентивни здравствени прегледи на граѓаните.

Прегледите опфаќаат мерење крвен притисок, ниво на шеќер и холестерол во крвта (на гладно или по оброк), индекс на телесна маса врз основа на измерена телесна тежина и висина, големина на струк.

Акцијата е во контекст на одбележување на Светскиот ден на срцето – 29 септември и Светскиот ден на старите лица – 1 октомври. Целта е да се подигне свеста кај граѓаните за редовни прегледи на своето здравје и здрав, долг и квалитетен живот, велат надлежните.