Германска полиција вчера објави дека извршила рации во повеќе германски градови во потрага по четири лица кои се поврзани со напаѓачот кој уби пет лица во Виена во понеделникот, а рани неколку од нив.

Криминалната полиција на БКА преку Твитер објави дека претресува куќи и продавници во Оснаубрек, Касел и областа Пинеберг во близина на Хамбург, пренесува Ројтерс.

-Нема индиции дека четири лица учествувале во нападот, но имаме сомневања дека се поврзани со осомничениот, изјави полицијата.