Владимир Путин (68) планира да го напушти претседателското место на почетокот на следната година поради зголемениот страв за неговото здравје, потврдија синоќа извори од Москва, а пишува и британскиот магазин „Сан“, но и други странски медиуми ја пренеле веста.

Експертите од Кремљ рекоа дека неодамнешните снимки покажале дека 68-годишниот моќник има можни симптоми на Паркинсонова болест, а информирани аналитичари тврдат дека поранешната девојка на Путин, Алина Кабаева (37) го моли да ја напушти функцијата.

Набљудувачите кои ја проучувале неодамнешната снимка на Путин, забележале дека неговите нозе постојано се движат и се чинеше дека има болка додека го фаќал задниот дел од столот.

Забележано е и дека неговите прсти се грчеле додека држел молив и држел чаша за која се верува дека содржи коктел од лекови против болки.

Шпекулациите дека на неговото 20-годишно владеење – второ по Сталин – може да му се стави крај, се зголемија порано оваа недела, кога беа изготвени закони што ќе го направат доживотен сенатор кога тој ќе поднесе оставка.

Законодавството воведено од самиот Путин помина низ парламентот за да му се гарантира правен имунитет од гонење и државни бенефиции сè додека не умре.

Московскиот политички научник професор Валери Соловеи синоќа ги подгреа натамошните шпекулации, сугерирајќи дека Путин може да има симптоми на Паркинсонова болест.