Земете го растението! Некои растенија го прочистуваат воздухот и ги отстрануваат токсините, додека други ви помагаат да се опуштите и полесно да заспиете.

Еве некои од најдобрите растенија за вашата спална соба.

  • Бршлен

Веројатно сте навикнати да го гледате надвор, да се качувате по sидовите, но ова растение е одлично за спалната соба.

Ги отстранува токсините од воздухот, а единствениот недостаток е што е отровен, па затоа не е најдобриот избор доколку имате миленичиња.

  • Јасмин

Елегантен јасмин ќе ја исполни вашата соба со дискретен, пријатен мирис кој делува релаксирачки и ќе ви помогне да заспиете.

Според една студија, јасмин го подобрува расположението и ви помага да спиете поефикасно.

  • Алое вера

Ги отстранува токсините од воздухот, и ослободува кислород ноќе, што го прави идеален за спалната соба.