Секој од нас на дневно ниво треба да посветува барем еден час дневно на себе. Без разлика дали станува збор за удоволување на свои потреби, козметички третман, фитнес, прошетки, дружење или подготвување на омилената храна за себе.

Научно докажано е, дека луѓето кои посветуваат време за себе имаат поголема самодоверба и генерално се посреќни и поздрави.

Еве кои активности ние ви ги препорачуваме:

Прошетка на сонце 

Сонцето е природен извор на витамин Д кој има влијание врз нашето расположение.

Прошетката на сонце ќе ја поттикне вашата циркулација и ќе ве изложи на витамин Д, што секако ќе му годи на вашето тело.

Прошетката на сонце ќе го подобри вашето ментално и физичко здравје и ќе претставува ваш влог во сопственото здравје.

Запознајте нови луѓе 

Нови луѓе и нови енергии секогаш внесуваат свежина во нашите животи.

Наместо да бидете интровертни и затворени обидете се да стапите во комуникација со луѓе кои не ги познавате.

Тие веројатно имаат многу што повеќе да ви кажат информативно, отколку луѓе со кои се среќавате секој ден.

Американскиот социолог Марк Грановетер во својата книга „Силата на слабите врски“ истакнува дека слабите врски, односно оние луѓе со кои се среќаваме помалку пати во текот на неделата или месецот се покорисен извор на информации одошто оние со кои сме во „силни“ врски.

Ставете се на прво место 

Наместо да ги прилагодувате вашите обврски, време, вкус и желби на другите, пријатели или членови на семејството, ставете го на прво место она што вие го сакате.

Ако денеска е ваш ден за излегување, тогаш направете го тоа, не оставајте да дојдат подобри времиња и да ги организирате однапред сите работи па вие да излезете, бидејќи такви времиња најверојатно никогаш нема да дојдат.

Наместо себе, одложете си ги обврските и направете го поскоро тоа што го сакате за себе!