Од денеска угостителските објекти во Србија може да примаат гости и во затворените делови.

Тие ќе работат до 22 часот, со 50 проценти капацитет и без музика по 18 часот.

Денес донесовме одлука кафулињата и рестораните да работат и во затворените делови, но според сите мерки, само до 50 проценти од користењето на просторот, мора да се почитува растојанието помеѓу гостите од метар и половина до два метра, нема да има музика, ниту во живо, ниту обична после 18 часот, затоа што тогаш луѓето викаат за да може да се слушнат што зборуваат – рече епидемиологот Бранислав Тиодоровиќ по седницата на Кризниот штаб, објави „Танјуг“.

Тој кажа дека кога ќе има помалку од 100 заразени на дневно ниво, ќе може сè да работи нормално.