За време на зимскиот распуст активностите на отворено се намалуваат, па родителите, најчесто за да си олеснат себеси, им дозволуваат на децата да минуваат повеќе време пред екрани.

Тоа, сепак, не е најдобрата опција, велат стручњаците.

Консумирањето медиумски содржини може да им наштети на децата при развивање емпатија, бидејќи ги отуѓува од социјалните интеракции и така го губат интересот за потребите на другите околу нив.

Но, има начини да се намали употребата на мобилни телефони и таблети кај децата. Пред сѐ, возрасните мора да бидат пример. Детето учи од родителите и се однесува според тоа што го гледа кај другите.

  • Што е најдобро да направите?

Поставете ограничување на користењето на уредот. На почеток, тоа нема да му се допадне на детето, но со текот на времето ќе се навикне. Тоа е еден од најдобрите совети за оттргнување од екрани.

Следна „неодоливата понуда“ со други забавни содржини, се друштвените игри за целото семејство. На овој начин, освен што помалку ќе се користат уредите, децата ќе научат и нови вештини додека играат.

Корисно е да се има место каде што ќе може, едноставно – да се остави мобилниот телефон, па и возрасните и децата ќе може да се посветат на покорисни заеднички активности.

Важно е, секако, детето да ужива во тие активности, па така дозволете му, на пример, со вас да готви едноставни оброци или да учествува во чистењето на плакарот.

На овој начин детето ќе се чувствува подобро, плус ќе стекне добри навики коишто подоцна во животот ќе му бидат од корист.

И секако, секогаш може заедно да читате книги.