За Бадник времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини и долж Повардарието наутро ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Божиќните празници ќе ги дочекаме со слаба магла во котлинските предели. Од УХМР известуваат дека на 07.01 времето ќе биде сончево со мала облачност. Наутро понекаде во котлините ќе има услови за појава на слаба магла. Преку денот ќе биде претежно тивко.

Температурата во текот на двата дена ќе биде слична и ќе се движи од: -5°C до 2°C a максимална температура ќе достигне од 6°C до 13°C