Во македонската јавност често се зборува за политичари со правно, економско или партиско потекло, но дел од актуелните функционери доаѓаат од сосема поинаква, хуманистичка професија – медицината. Нивното искуство од здравствениот систем денес го пренесуваат во јавната администрација и локалната самоуправа.

Една од нив е Весна Јаневска, актуелна министерка за образование и доктор на медицински науки – патолог. Нејзината професионална кариера е длабоко поврзана со науката и клиничката пракса. Јаневска учествувала во повеќе значајни истражувачки проекти од областа на патологијата, меѓу кои и скрининг и дијагностика на вродени дисплазии на скелетот, евалуација на ефектите од хемотерапија кај остеосаркоми, како и имунофенотипски и генетски анализи на различни малигни заболувања.

Таа е активна членка на Лекарска комора на Македонија, Европско патолошко друштво и на повеќе домашни стручни здруженија.

Медицинската професија е присутна и во локалната власт. Александар Стојкоски, градоначалник на општина Ѓорче Петров, е лекар по специјалност радиолог. Потекнува од лекарско семејство, а и неговата сопруга е лекар, што, како што истакнуваат негови блиски соработници, силно го обликувало неговиот пристап кон јавниот интерес и здравствените прашања.

И Александар Јовановски, градоначалник на општина Кичево, е општ лекар. Долги години работел во својата приватна ординација „Драга Медика“, именувана по неговата мајка. Освен медицината, Јовановски е познат и по својата љубов кон музиката, што му дава поинаква, човечка димензија во јавниот настап.

Меѓу функционерите со медицинска позадина е и Беким Сали, стоматолог по професија и актуелен министер за европски прашања во Владата на Република Македонија. Неговото искуство од здравствениот сектор и јавната администрација денес го применува во процесите на европска интеграција.

Со однос на тоа дека водат ресори кои се сосема поразлични од здравството и не се поврзани со медицината, за некои од нив нема ни да претпоставите дека се медицински лица по вокација. Единствено Беким Салим беше министер за здравство, додека останатите водат сосема други политички сфери.