Секој од нас има доза на одмаздољубивост и се сеќаваме на случувањата кои не повредиле или лицата кои некогаш ни нанеле болка.
Некои луѓе возвраќаат веднаш или во прва можна прилика, другите не возвраќаат никогаш но ја бележат личноста како некоја што ги повредила нивните чувства и со кои не сакаат да ја продлабочуваат комуникацијата.
Едните експлицитно и директно се спротивставуваат, другите игнорираат.
Со цел да дознаете дали сте одмаздољубива личност и колку ги повредувате луѓето околу себе, направете го следниов тест:
- Како постапувате кога ќе ве налутат
Постојат два типа на луѓе. Едни кои се офанзивни и можат да ви изговорат или направат неочекувани работи во афект и оние кои се затвораат во себе и се обидуваат да се исконтролираат.
Доколку сте од вториот тип на луѓе, тогаш имате исклучително висока самоконтрола и свесни сте дека зборовите кои не се изговорени не може да ги повредат другите.
Ако се затворате во соба и чекате бесот да ви помине, тогаш сте личност која не ги насочува негативните емоции кон другите и ги штеди од повреди.
- Колку време ви трае лутината
Сите различно се справуваат со лутина, но и различно време е потребно таа да помине низ нас.
Ако паметите случки со години и чекате погоден момент да возвратите на ударот, вие сте „памти па врати“ или народски кажано големо „злопамтило“.
Другите луѓе ја знаат оваа ваша карактеристика па веројатно се прилично воздржани или уплашени кога сте вие во прашање.
- Дали односите по расправијата ви се подобруваат
Понекогаш е неопходно да дојде до расправа за да ги кристализирате односите.
Многу е подобро да си кажете се меѓусебе, отколку да останете затворени во велот на мистерии и претпоставки.
Ако сте од оној тип на луѓе кои по расправијата градат и подобар однос од тој што бил претходно, станува збор за искрена личност која нема лоши намери и помисли кон другите, туку ја бара вистината и правдата во односот.
- Дали расправиите ги водите сами или барате сојузници
Постојат два типа на луѓе. Оние кои бараат сојузници по расправата со некој и се обидуваат да го дискредитираат на база на мислење на мнозинство и оние кои расправиите ги водат како поединци со своја лична поставка.
Доколку не сте од оној тип на луѓе кои барате поддршка во другите против оној со кој сте во конфликт, тогаш сте вистинска реткост и чест е луѓето да ве имаат за пријател.
Автор: Магдалена Стојмановиќ за „Мој збор“