Иако многу луѓе го разбираат постот како воздржување од храна од животинско потекло, постот има многу подлабоко и посуштинско значење.

Постењето значи целосно менување на мислите, намерите и однесувањето. Тоа значи дека покрај корекција на исхраната, треба да се воздржуваме и од ниски страсти кои ги произведуваат емоциите како гнев, омраза или лутина.

Исто така велигденскиот пост значи емпатија и пријателско расположение помеѓу верниците. Кога сте во пост внимавајте да не влегувате во конфликти со другите луѓе бидејќи на тој начин ќе го обесмислите постот.

Со воздржување од страсти, што само се материјализира преку воздржување од храна и одреден тип на пијалоци, човекот ја стимулира добрата мисла и енергија и учи да се сака повеќе и себе и другите и да направи мала жртва која треба да му донесе трајни и долгорочни позитивни последици.

Затоа додека трае вашиот пост, воздржувајте се од храна, од алкохол што може лесно да ве извади од контрола по мала промена на свест, бидете рационални во однос на своите постапки, со огромна самоконтрола и со воздржување од лоши мисли и емоции.