На социјалните мрежи деновиве се појави видео од теретана со поинаков, иновативен концепт – простор каде мајките доаѓаат да вежбаат, да се грижат за своето здравје и изглед, но исклучиво во придружба на своите мали дечиња.
Иако од видеото не се открива точната локација на теретаната, реакциите не изостанаа и за кратко време содржината стана вирална.
Многумина коментираат дека ваквиот тип адаптирани теретани претставува вистинска револуција, особено за мајките со бебиња и мали деца, кои често немаат можност да одвојат време за себе. Наместо изборот да биде меѓу тренинг и грижа за детето, овој концепт нуди решение што ги спојува двете.
Теретаната е прилагодена така што децата се безбедни и во близина на мајките, додека тие вежбаат под стручен надзор. Освен што им помага на мајките да ја одржат физичката кондиција и менталната рамнотежа, ваквиот пристап има и пошироко значење. Децата уште од најмала возраст растат во средина каде физичката активност е дел од секојдневието, што претставува важен пример за здрави навики.
Дополнително, престојот во ваква средина овозможува и рана социјализација, како за децата, така и за мајките, кои добиваат чувство на поддршка и заедништво. За многумина, ова е доказ дека модерните решенија можат успешно да одговорат на реалните потреби на современото родителство.
Целото видео проследете го со клик на линкот


















