Секоја нова година, природно кај секој човек, носи нова надеж за подобра иднина, за поголема среќа , успех итн..
Малку е парадоксално што веќе подолго време сите едвај чекаме да заврши старата година со надеж дека следната ќе е подобра.
Но на што ја темелиме таа надеж?
Годината завршила затоа што земјата направила само уште еден круг(поточно елипса со два фокуси) околу сонцето. Ништо повеќе!
Оваа година беше ептен изразена во тој поглед, заради пандемијата.
Но како тоа сите сакаме промени, а никој не сака да се промени!-Што би рекол Митрополит Наум.
Или што би рекол Гете: „Сите сакаат слава а никој не сака да расте”.
Како тоа новата година ќе е подобра ако ништо не се променило?!
Во физиката постои дисциплина наречена „Теорија на хаос”. Во неа главен постулат е дека и во нередот има ред.
Во рамките на таа теорија, постои еден ефект наречен „Пеперутка ефект”- „Butterfly effect”.
Симболично тука се наведува еден пример-Пеперутка да лета во Велмеј а како последица на тоа да се сруши зграда во Њујорк. До толку сме поврзани!
Односно мала промена во почетните услови доведува до голема промена во настаните!
Ајде да ги видиме почетните услови на планетата земја.
Почетните услови се: злоба, завист, љубомора, егоизам, хедонизам, неморал, клевета, лага…огромно загадување и климатски промени….и огромна неурамнотеженост со природата!
И што очекуваме со вакви почетни услови?!
До новата година е или до нас?!
Овие почетни услови, неминовно, чисто физички, ќе доведат до крај на човештвото!
За жал, за особена жал за децата!
Доколку не се пробудиме, не се промениме, со дела а не со зборови, крајот е неизбежен!
И не, не сум песимист,но науката тоа го кажува.
Има надеж, секако дека има. Ако сите ние сме промената која сакаме да ја видиме, ако си простиме, ако си подадеме рака…
Ако на злото одговориме со љубов како што вели отец Наум!
Пандемијата беше и е само една мала опомена во тој правец, ама за жал ум не ни иде…
Земјотресите, поплавите…Се се тоа последици на нашиот егоизам!
Затоа, пред да биде доцна, да се промениме секој од нас, за да ја подобриме нашата иднина!
А малку треба, треба само да избереме да бидеме луѓе, во вистинска смисла на зборот!
Не е до новите години, до нас е!
Автор: Гоце Кузески
Професор по физика