Колективен имунитет на коронавирусот нема да се постигне оваа година, иако вакцините почнаа да се дистрибуираат во многу земји, предупреди Светската здравствена организација (СЗО).

Нема да постигнеме колективен имунитет во 2021 година – рече научничката на СЗО, Сумија Сваминатан.

Таа потсети на важноста да се продолжи со примена на постојните мерки, како што се одржување на физичко растојание, миење раце и носење заштитна маска.

Таа додаде дека тие мерки треба да бидат на сила најмалку до крајот на оваа година.