дома информација вест СЗО бара од националните влади да воведат нови и поригорозни мерки за...

СЗО бара од националните влади да воведат нови и поригорозни мерки за спречување на епидемијата

СЗО со нови апали до националните влади

424
0

Развојот на пандемијата на КОВИД19 во Европа е многу загрижувачки, иако ситуацијата не е како во март и април, предупреди европскиот огранок на СЗО.

Бројот на случаи расте секој ден, како и бројот на приеми во болница. Ковид сега е петта причина за смрт и е достигнат прагот од 1.000 смртни случаи на ден – рече Ханс Клуж, директор на европскиот огранок на Светската здравствена организација, на онлајн прес-конференција.

Тој ја истакна важноста на воведување нови мерки низ цела Европа за забавување на ширењето на коронавирусот.