Речиси 200 нови случаи на мајмунски сипаници се пријавени во повеќе од 20 земји, каде главно нема епидемии на невообичаени болести, но епидемијата е под контрола, соопшти денеска Светската здравствена организација.

СЗО предложи создавање резерви за еднаква дистрибуција на вакцини и достапни лекови низ целиот свет.

Во соопштението се вели дека се уште има многу неодговорени прашања за тоа како настанала епидемијата, но нема докази дека некакви генетски промени во вирусот се одговорни за тоа.

Првата секвенца на вирусот покажува дека сојот не се разликува од соевите што можеме да ги најдеме во земјите каде што вирусот е ендемичен и епидемијата веројатно се должи на промена во однесувањето на луѓето, се вели во извештајот.

Претходно оваа недела, главниот советник на СЗО рече дека епидемијата во Европа, САД, Израел, Австралија и пошироко е веројатно поврзана со интимни односи на две забави во Шпанија и Белгија.

ИЗВОРНова Македонија
претходниот член,Научниците ја решиле мистеријата зошто дел од страсните пушачи не заболуваат од рак на бели дробови
Следната статијаСлучај кој го шокираше светот: Гинеколог направил преку 100 деца на пациентки што ги лекувал од неплодност

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде