дома информација вест Свирепиот убиец на новинарката од Шведска што го згорзи светот, во бегство...

Свирепиот убиец на новинарката од Шведска што го згорзи светот, во бегство од затвор

Петер Мадсен уапсен при обид за бегство од затвор, издржува доживотна казна

373
0

Данскиот пронаоѓач и претприемач, Питер Мадсен, кој ја уби шведската новинарка Ким Вал, бил фатен во обид да избега од затвор, пренесува Би-би-си.

Полицијата соопштила дека уапсила човек во близина на затворот, а данските медиуми подоцна потврдиле дека станува збор за Мадсен.

Сликите од местото на настанот покажуваат вооружена полиција околу него, во близина на затворот, западно од Копенхаген.

Мадсен беше осуден на доживотен затвор за убиството на Ким Вал.

Пред две години, сакајќи да направи интервју со Мадсен, познат како градител на подморници, Ким била поканета на неговата подморница.

Нејзиното осакатено тело 11 дена подоцна го открил минувач на плажа.

Мадсен е сликан од фотограф од веб-страницата „Ектрабладет“, на која се гледа осудениот убиец како седи покрај оградата со појас околу половината.

Данските медиуми објавиле дека тој и рекол на полицијата во затворот Херстетвестер, дека носи бомба.