Папата Француско: Геј паровите треба да имаат семејство

Папата Франциско најексплицитно ги подржа геј паровите во нивните барања да основаат семејство

730

Папата Франциско ја даде својата најексплицитна поддршка на истополовите граѓански унии во потег што веројатно дополнително ќе ги разбесни неговите конзервативни противници во католичката црква.

Неговите коментари беа дадени во интервју во документарен филм „Франческо“, чија премиера беше на филмскиот фестивал во Рим во средата.

Тој рече: Хомосексуалците имаат право да бидат во семејство. Тие се Божји деца и имаат право на семејство. Никој не смее да биде исфрлен или да биде осиромашен од семејство поради сексуалната ориентација. Она што треба да го создадеме е закон за граѓански сојуз. На тој начин тие се законски опфатени. Јас се залагав за тоа.

Извор: Theguardian.com