дома информација вест Светска банка: Западен Балкан во длабока рецесија поради пандемијата

Светска банка: Западен Балкан во длабока рецесија поради пандемијата

399
0

Пандемијата го втурна Западен Балкан во длабока рецесија, поради падот на домашната и странската побарувачка, прекините во синџирите на снабдување, поради што сите шест земји во регионот имаат негативен раст оваа година, се додава во Редовниот извештај за есента 2020 година.

Економската активност во регионот се предвидува да се намали во просек за 4,8 проценти во 2020 година, што е за уште 1,7 процентни поени под проценките објавени во пролетниот извештај.

Се истакнува дека друга причина за побавното закрепнување во втората половина на 2020 година е високата основа за споредба од втората половина на 2019 година.