Според последниот извештај за глобални перспективи на Светска банка, БДП за 2022 година Македонија е рангирана на последно место во регионот со 2.1% БДП, реагираат со соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Светска банка пред Македонија ги рангира сите земји од регионот, по БДП за 2022 година. Пред нас во извештајот на Светска банка, поголем бруто домашен производ имаат и Босна и Херцеговина, како и Косово. Највисоко на овој извештај е Хрватска со 6.6% БДП, па Црна Гора со 5.9%, потоа Босна со 4%, Албанија со 3.5%, Косово со 3.1% и Србија со 2.5%.

Немањето вистински мерки, но и задоцнети мерки за економијата во оваа година на кризи, слабата реализација на капитални инвестиции се целосен неуспех на оваа неспособна власт и доведуваат до најмал процент од БДП“, се навдува понатаму во партиското соопштение.