Пропадна јавниот повик на Град Скопје за избор на приватни превозници кои ќе одржуваат дел од линиите од јавниот превоз бидејќи ЈСП „Скопје“ нема доволен капацитет да ги одржува сите линии.

Градоначалничката Данела Арсовска вчера прашана од новинарите дали е пропаднат тендерот и како планира сега Градот да го решава колапсот на јавниот превоз, само кусо одговори дека нема проблем и на улиците има автобуси.

Беше објавен јавен повик на кој на сите домашни привни лица кои сакаат чесно да ја работат оваа дејност, им беше дадена можност да си се пријават. Доколку не се пријават тоа кажува многу што се однесува за овој оглас. Град Скопје може и без приватни превозници, го организираме јавниот превоз, правиме реформа и ќе набавиме нови автобуси, рече Арсовска и ја напушти прес-конференцијата не дозволувајќи да се постават дополнителни прашања.

ИЗВОРФокус
претходниот член,Научно истражување: Жените се повредни од мажите
Следната статијаСветска банка утврди најнизок раст на БДП во Македонија за 2022

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде