Парацетамолот е еден од најчесто користените лекови без рецепт, а луѓето ширум светот го голтаат како бонбони. Но, во него демне опасност, предупредуваат лекарите, особено ако се конзумира во одредена форма.

Станува збор за парацетамол кој се пие во форма на шумлива таблета, а според британските лекари содржи загрижувачки високо ниво на сол, што може да биде опасно за луѓето со срцеви проблеми.

Натриумот, кој се наоѓа дури и во флаширана вода, може да биде опасен за лицата со висок крвен притисок, а дополнителен проблем е тоа што некои од нив не ни знаат дека ја имаат оваа состојба, бидејќи симптомите на високиот крвен притисок понекогаш се кријат.

Солта се додава во шумливиот парацетамол за да се стимулира процесот на растворање на таблетата во вода, но внесувањето на таков лек го зголемува ризикот од компликации.

Студија во Британија покажа дека луѓето кои пијат шумлив парацетамол имаат 22 отсто поголем ризик од срцев и мозочен удар, како и срцева слабост во следната година. И тоа не е се. Ризикот од срцеви проблеми е зголемен за 19% дури и кај луѓето кои немаат кардиоваскуларни заболувања.

Широката употреба на шумливи таблети кај општата популација нè натера да го истражиме ефектот на додаден натриум во таквите лекови. Многу пациенти не ни знаат дека парацетамолот содржи сол во оваа форма, а повеќето од нив, до 94 проценти, купуваат и да го пијат сами, вели професорот Брус Нил од Кралскиот колеџ во Лондон.