Премиерот на Обединетото Кралство, Борис Џонсон, најави дека воведува низа мерки:
  • Замрзнување на средствата на сите големи руски банки и нивно исклучување од финансискиот систем на Велика Британија. Оваа мерка подразбира итно и целосно замрзнување на ВТБ, втората по големина банка во Русија.
  • Донесување закони кои ќе ги спречат големите руски компании, како и самата држава, да собираат средства или да позајмуваат пари на британскиот пазар
  • Замрзнување на имотот на 100 руски физички и ентитети кои досега не биле санкционирани
  • Забрана за летови за Велика Британија за руската државна авиокомпанија Аерофлот
  • Суспендирање на дозволите за извоз на стоки со двојна употреба, кои можат да се користат за воени цели
  • Запирање на извозот на високотехнолошки производи и опрема за преработка на нафта
  • Ограничувања на депозитите што руските граѓани можат да ги уплатат на банкарски сметки во ОК
  • „Олигарсите во Лондон нема да имаат каде да се кријат“, рече премиерот Џонсон.

Русија одговори во петокот со затворање на небото за британската авиокомпанија Бритиш ерлајнс.

Џонсон додаде дека слични економски санкции ќе бидат наметнати и на Белорусија, поради улогата што таа ја одигра во нападот на Украина.

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко е близок со Путин.

Руската армија во претходните денови и недели изведе, како што беше речено, заеднички воени вежби со белоруските сили.

Според некои информации, дел од руските војници влегле во Украина од Белорусија.

Во четвртокот, на 24 февруари, Лукашенко рече дека „белоруските трупи не учествуваат во акциите на руската армија, но дека ќе учествуваат доколку е потребно“.