Според метеоролозите, во почетокот на март во нашата земја ќе преовладува променливо време со повремени врнежи од снег и дожд што ќе потраат и во текот на претстојниот викенд, а поголемо затоплување се очекува по десетти март.

Во следните два дена, времето во Македонија ќе биде стабилно со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Од петок попладне следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег, а на планините и на повисоките места од снег.

Пообилни врнежи се очекуваат вo сабота, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Поголемо затоплување се очекува по Осми март, поради топлиот воздушен бран што ќе пристигне од северен правец.