Владата на Косово донесе одлука за промена на мерките против ширењето на епидемијата на Ковид-19, со кои, меѓу другото, од денеска се укинуваат полицискиот час и ограничувањата за работа на угостителските објекти.

Од 7 март се укинува и забраната за организирање на фестивали, концерти, екскурзии, свадби, семејни веслби и слично, со тоа што се дозволува користење на 50 отсто од капацитетите на местата каде што тие ќе се одржуваат.

За влез во Косово останува обврската за приложување една од следните потврди: сертификат за примени две дози вакцини, или една доза од „Џонсон&Џонсон“ вакцина, од кои последната треба да биде примена најдоцна пред 12 месеци, негативен РТ-ПЦР тест не постар од 48 часа, или потврда дека лицето прележало Ковид-19 во последните 90 дена (позитивен РТ-ПЦР тест издаден пред 21 до 90 дена).