Екстровертните луѓе зборуваат постојано, друштвени се, опуштени и многу прифатливи за средината околу нив.

Од друга страна интровертните луѓе се затворени и свртени кон себе, да се спријателите со нив ви треба многу време, па затоа и понекогаш се стекнува прв впечаток дека тие се асоцијални.

Во суштина екстровертните и зборлестите луѓе имаат многу поголеми проблеми од интровертните, а еве со кои стравови тие се соочуваат:

  • Отфрленост 

Тие се плашат да бидат во периферија и да бидат отфрлени од средината бидејќи се свесни дека сами не може да просперираат.

Оние кои многу зборуваат сакаат да им се допаднат на другите и да бидат прифатени токму поради тоа што се многу несигурни во себе.

  • Ниска самодоверба 

Тие се плашат како ќе се претстават бидејќи имаат многу ниска самодоверба.

Екстровертните луѓе иако изгледаат „полни со себе“ и сигурни тоа е само социјалниот приказ кој сакаат да го дадат и вредно работат на него.

Во суштина тие имаат многу ниска самодоверба.

  • Кратки пријателства

Тие се пријатели со сите, а не се пријатели со никој. Најдобар за воведување во компанија или друштво е екстровертниот лик бидејќи со него веднаш ќе воспоставите комуникација.

Но на долгорочни стази, тој нема да ви се покаже како пријател, бидејќи остварува само површни контакти со многу луѓе и не се задлабочува во однос со никој.