За емоционалното робство, жртвите скоро и да не се свесни, тие се убедени дека нивните џелати, лошите постапки ги прават од љубов и со тоа во доменот на „нормалното“ внесуваат и подразбираат дела кои може да ги повредат.
Емоционалното робство е кога еден поединец, без разлика на тоа во какви односи се, на друг поединец ќе му нанесе емоционална, вербална или физичка повреда и на крај ќе направи гест на љубовта кој би требало да го избрише сето претходно.
Ако сте се нашле во следните ситуации, тогаш треба да се преиспитате сериозно дали тоа е љубов:
- Прво ве навредува, па ви купува цвеќе
Во еден момент најстрашно ве навредува и ве повредува, а веќе во друг момент најискрено се кае и извинува.
За извинувањето да биде подраматично и убедливо неретко примате подароци кои треба да ве убедат дека тоа е љубов.
Сепак треба да останете свесни дека љубовта не повредува и дека оној што вистински ве сака нема сили да ви изговори ниту еден навредлив збор, а уште помалку тоа системски да се повторува.
- Ве расплакува па ве брани од другите
Прво ќе ви натера солзи на очите, а потоа вешто ќе се извлече од целата ситуација убедувајќи ве дека не тој/таа не е виновен/а за тоа што вие плачете, туку некој друг субјект.
На тој начин ве тера во сите да гледате непријатели и да се потпрете само на него/неа како би можела манипулацијата да продолжи понатаму.