Различноста помеѓу половите, неретко преминува во спротивност. Поради суштинските разлики помеѓу мажите и жените, тие често си се мистерија едни на други. Додека жените се поинтертни да го запознаат споритвниот пол и уживаат да бидат окупирани со сопствениот, мажите отсекогаш ги мачело единствено прашање: „Дали и жените знаат што тие сакаат?“.

И покрај ироничноста, која дава доза на хумор во прашањето, вака поставената перцепција не е далеку од вистината. Жената како пол е свртена кон себе, мажот го проширува својот интерес и кон жената. Доколку не било така, козметичките салони ќе останале без работа, а галериите празни од актови во кои главна позиција ја зазема жената и женското тело, насликано од визура на маж.

Ако се обидеме симплифицирано да го презентираме она што жените го сакаат, така што ќе биде доволно едноставно да може да го разбере дури и еден маж, ќе наброиме топ 4 работи за кои може да бидете сигурни дека ќе ја направат жената задоволна.

  • Почит 

Жената сака да се чувствува почитувано. Ако сакате да биде покрај вас засекогаш, погрижете се да покажете дека ја почитувате нејзината личност, нејзината одлука, нејзината желба и што е најважно нејзиното НЕ.

Покрај што тоа треба да го правите додека сте насамо, многу е важно почит да покажувате и пред другите. Жените сакаат заштитнички настроени мажи, колку и да се силни да се соочат со секоја ситуација сами.

Ако дозволите во ваше присуство таа да биде напаѓана, навредена или омаловажена, полека но сигурно го губите местото од нејзиното срце.

  • Внимание 

Колку и да се претставува дека не сака подароци или материјални работи, тие можат многу да ја усреќат и да и го променат текот на расположението.

Билети за кино или театар, заедничко патување, или организирање на ручек во ресторан ќе биде доволно да ја усреќите.

Исто така не заборавајте ги важните датуми како годишници, Ден на вљубените или нејзиниот роденден. Заборавање на важни датуми е најсуровото нешто што може да и го приредите на една жена.

  • Таа е приоритет 

Ако ја оставите да чека додека вие сте заглавени со друштво или роднини во некоја кафана, ќе и го скршите срцето. Жената сака да биде приоритет во животот на мажот и доколку е, таа тоа срдечно ќе го возврати.

Доколку жената не е на прво место во животот на нејзиниот маж, многу е веројатно дека ви го подготвува соопштението за крајот на партнерството.

  • Жените најмногу лажат на „Ништо не е, или ништо не ми е“

Жените сакаат да ги познавате и да ги следите нивните интереси и желби. Ако не сте биле доволно заинтересирани кога таа ви соопштила дека би сакала да го гледа новиот дел од Матрикс во кино и не сте и предложиле да одите заедно на премиера, правите голема грешка.

Кога таа ќе почне да ви го игнорира постоењето веќе е доцна да се поправите, се што може да добиете од неа е „Ништо не ми е“ иако многу и е, само вие веќе не сте тој на кој таа би сакала да му каже што се и е!