Кога купувате крема за сончање, на амбалажата гледате „SPF 50“ и мислите дека тоа е најсилната заштита со која нема шанси да изгори. Сепак, тоа не е точно. Тоа е највисоката заштита што постои, но доколку не ја применувате редовно, и вие сте во голем ризик.

Заштитниот фактор на кремата за сончање се однесува само на неговата заштита од УВБ зраците. Заштитниот фактор не значи дека кремата ќе ве заштити од УВА зраците, односно оние зраци кои ги обвинуваме за брчки и знаци на стареење.

При изборот на крема за сончање, изберете производ кој е тестиран на широк опсег на заштита (и УВБ и УВА). На тој начин ќе бидете заштитени од директна сончева светлина и од долгорочни оштетувања кои подоцна се манифестираат во вид на брчки, хиперпигментациски дамки и во најлош случај рак на кожа, вели дерматологот Дијана Берсон.

Што значи фактор 50?

Ова значи дека производот ве штити од 98 проценти од УВБ зраците кои доаѓаат во контакт со вашата кожа. Нивоата на заштитен фактор отсекогаш им создавале потешкотии на клиентите. Некои мислaт дека бројот на заштитен фактор одговара на минутите што сте биле дозволени да ги поминете на сонце по нанесувањето, или дека етикетата го покажува нивото на заштита, но дерматологот и открива:

Бројот заштитен фактор технички покажува колку минути можете да бидете на сонце без да се изгорите. Има проблем што типот на кожа, пливањето, сончањето, потењето и УВ индексот за тој ден не се земени во предвид. Заштитните креми можат да бидат ефективни до 40 минути на сонце или до 80 минути на вода Луѓето мора да ги нанесуваат на секои два часа, предупредува дерматолог.

Што да барате на етикетите на кремата за сончање?

За да си обезбедите соодветен заштитен фактор, треба да внимавате на декларацијата.

Постојат два вида креми за сончање: минерални и хемиски. Хемикалии содржат состојки кои ги апсорбираат УВ зраците, а минералите ги одбиваат. Доколку имате чувствителна кожа, склона на иритација, изберете минерали, вели дерматологот.