Бугарите (мнозинството) не само што мислат, туку поради својата романтически напишана историја по учебниците тврде веруваат дека Македонците во Југославија со стап ги терале да се кажуваат и пишуваат Македонци, инаку тие се усиштале Бугари. И сега, што да им правиш? Ум со инка не се дава. А, тоа Европејците што дипломатски не се мешаат и ја поддржуваат својата земја-членка, не е за чудење. Тие (нивните претставници во релевантните институции) се тешка тапа и незаинтересирани мозоци отсекогаш, битен им е само некаков „интерес“, а правдата и човековите права им се само на јазик.
Автор: Тихомир Јанчовски