Од полноќ во Австрија важат нови, дури и построги мерки.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц во саботата објави дека ќе бидат преземени нови мерки.

Новите мерки ќе бидат во сила најмалку до 6 декември, пренесува Индекс.хр.

Освен Австрија, српската влада донесе одлука и за нови мерки за време на викендот.

Австриската влада најави дека ќе затвори училишта и продавници, освен оние што продаваат храна и основни предмети за домаќинството, од 17 ноември, две недели по воведувањето на делумен карантин, што не го запре рапидното ширење на коронавирусот во земјата.

Курц при презентирањето на мерките рече дека контактите мора да бидат ограничени што е можно повеќе.

Излегувањето ќе биде дозволено само во специфични околности (купување храна, деловни и медицински причини, спортски активности и одење).