Кризниот штаб на Србија одлучи да дозволи отворање на терасите на угостителските објекти од понеделник, со посебни мерки, како и продолжување на работата на продавниците до 22 часот.

Ја анализиравме епидемиолошката состојба во Србија. Сè уште е вонредна. Одлучивме од понеделник да се овозможи работа на угостителски објекти кои имаат можност за работа на отворено, под услови што ќе ги прецизираме со епидемиолозите и ќе ги откриеме најдоцна во недела. Викендов ќе разговараме за трговските центри и ќе се обидеме да најдеме решение – изјави Зоран Гојковиќ.

Тој додаде дека ако порасне бројот на вакцинирани граѓани, мерките и забраните ќе се ублажуваат сукцесивно.