Оваа маска ни доаѓа од Мексико и истражувачите веруваат дека тие нашле начин да го решат проблемот со изложеност на коронавирусот за време на потрошувачката на храна и пијалоци.

Сите мора да ја отстраниме маската од лицето додека јадеме и пиеме, сепак, оваа маска го покрива само носот и тие веруваат дека треба да помогне во спречување на понатамошно ширење на вирусот.

На видеото подолу, видете како луѓето што седат во кафулињата прво ја соблекуваат стандардната маска што ги покрива и носот и устата, а кога ќе ја отстранат да јадат и да испијат нешто, на носот имаат една мала маска.

Некои експерти велат дека таквата заштита може да биде делумно ефикасна само затоа што покрива само еден дел од лицето, но устата е сè уште изложена и не може да биде целосна заштита.

Други велат дека ваквата заштита е подобра од седењето во ресторан и кафуле без маска.

Дали би носеле ваква мини-маска?