Епитетот „малограѓанин“ ги подразбира поединците кои потекнуваат од мала средина и кои се упатени едни на други постојано, а од тесниот круг на луѓе кои ги познаваат, ограничено поле на дејствување и ограничен простор на движење развиваат „синдром на мало место“.

Малограѓаните, малку што знаат за светот што ги опкружува, тие нема да може да ви кажат дефиниција за „клетка“, ама затоа ќе може да ви кажат се за другите луѓе, но не и за својот живот.

Познати се по ширење на трачеви, потсмев, групирање во мали групи кои по правило на мнозинство шиканираат еден поединец кој се разликува од нив.

Понекогаш се толку сурови, да може да шиканираат и да се подбиваат со страшни животни несреќи како што се болести.

Малограѓаните се луѓе со кои може да се справите на многу едноставен начин, а секој од нас има некои тетки, стрини, чичковци, комшии, блиско или подалечно опкружување кое дејствува малограѓански.

  • Игнорирајте 

Држете се настрана и недозволувајте да ви се приближуваат многу.

Никој не ве обврзал да се јавувате некому, да разговарате учтиво, да се исповедате или да ги правдате своите постаки.

Се што ќе ви кажат малограѓаните само игнорирајте го, без повратна реакција, тие го акомулираат бесот во себе и не успеваат да ви испратат лоша енергетска порака.

  • Останете над ситуацијата

И покрај тоа што ќе се обидат перфидно да ве испровоцираат, така што вашата реакција треба да ја намали вашата вредност, држете се над ситуацијата.

Оставете ги да провоцираат, а вие останете културни и учтиви, не поради нив, туку поради сопственото достоинство и ниво.

Ако изрегирате непромислено, афектно или емотивно, ќе се фатите на мамецот на малограѓаните.

  • Бидете тивки и премолчете  

Ако сепак се најдете во ситуација, да мора да ги истолерирате подолго време. Оставете ги тие да зборуваат и давајте што е можно помалку информации за себе.

Наместо преку подготвени прашања да ве претставаат вас како што е можно помалку успешен модел, нека се презентираат себе, кога на секој ваш полуодговор уште подлабоко и понервозно ќе поставуваат прашања.

На тој начин ќе излезе на површина целата нивна хистерија и фрустрација.

Бидете тивки и повлечени, избегнувајте контакт, а кога тој е нужен, нека биде едностран, од нив кон вас.

Постои една поговорка што ја отсликува таквата ситуација: Кој со хиените вика и со змиите оговара, никогаш нема да разбере зошто лавот молчи!