Денеска ќе имаме слично време на вчерашното. Поради високите температурите, хронично болните и бремените жени треба да ги почитуваат препораките на лекарите за неизлегување во период од 12 до 17 часот.

Веќе од утре не очекува благ пад на температурите и заладување.

Ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.

Попладне, особено во северните делови ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд.

Ќе дува умерен ветер од северозападен правец кој вдолж Повардарието ќе засилува.

УВ индексот ќе изнесува 8 мерни единици.

Најниската дневна температура во Скопје ќе биде 17 степени, а максималната дневна ќе достигне 36 степени.

Слично време на утрешното ќе трае во текот на целиот викенд.