По реакција на полицијата за спречување на собирите по повод „Вевчанскиот карневал“ кој традиционално секоја година се организира за Василица, се огласи и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Според неговите проценки, во Вевчани не се случило ништо спектакуларно.

Напротив целта била политичка провокација и предизвикување на инцидент што луѓето не го добиле бидејќи полицијата мирно и професионално ја завршила својата работа.

Интервенцијата на полицијата е поради прекршување на мерките за здравствена заштита во услови на епидемија од вирусот корона.