Заклучоците за проширување со формулација за „погрешно толкување на историјата“ вчера не беа усвоени од страна на Советот на ЕУ, по блокадата на Чешка и Словачка.

Овие две земји обвинија дека оваа реченица е еднаква на „фалцификување на историјата“ и потсетија дека не е на ЕУ да суди како се идентификува една земја, ниту кој јазик говори .

Советот на ЕУ предупреди дека таква реченица претставува опасен преседан за процесот на проширување понатаму, поради што тие не се во можност да дадат согласност за овие заклучоци.