Празниците се значаен период кога со примери можеме да вградиме во нив трајни вредности.

  • Дајте приоритет на искуствата и времето заедно

Наместо да го барате „совршениот подарок“, запрашајте се – кои се најубавите спомени од вашето детство во овој период од годината? Или кои се оние кои не ги доживеавте и не сакате да ги доживеете, дури и сега? Без разлика дали станува збор за украсување на вашиот дом, посебен оброк, одредена традиција: повелете и споделете ги со вашето дете.

  • Дозволете му на вашето дете да преземе активна улога во подготовките, ритуалите и традициите

Животот не е нешто што треба да му „се случи“ на детето без нивно учество, а празниците не се исклучок. Премногу родители паѓаат во замката да се обидат да им „подарат“ на своите деца совршени празнични моменти. Наместо тоа, дозволете им на децата да учествувате во работата за подготовка на семејните прослави. Тоа искуство ќе им остане во сеќавањата засекогаш.

  • Помогнете му на вашето дете да допре до пошироката заедница и светот

Празниците се совршено време да се фокусираме на врските што нè поврзуваат со нашите пријатели и семејството, но и со поширокиот круг на човештвото. Без разлика дали преку чин на давање или едноставно разговор со некого што обично не би го правеле, дозволете му на вашето дете да види дека она што го споделуваме е многу поважно од она што не разделува.

*Целиот текст на Да Винчи Кидс – Центар за едукација и развој на деца според Монтесори програма, можете да го прочитате на ликов.