Српскиот претседател Александар Вучиќ смета дека можеби и некоја друга земја стои зад блокадата на Бугарија за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ, пренесува Слободен печат.

На прашање во тој контекст од „Ал џезира“, Вучиќ вели:

Ако мене ме прашувате дали лично сметам дека има уште некој што се крие зад таквиот став, јас мислам дека има. Ама не е мое да зборувам за тоа, така што за тоа нека зборуваат други, изјави Вучиќ.

Тој вели дека секогаш е лесно да се најде земја која ќе постави барања и ќе го користи правото на вето да ја уценува другата земја.